Се обесило малолетно дете

11 годишно момче од Куманово вчера си го одзело животот со бесилка. „Станува збор за самоубиство на малолетно дете што се случило во семеен дом на улицата Ѓорѓе Петров, во населбата Перо Чичо“ – потврди денеска СВР Куманово.

Како што соопштија надлежните, момчето било затекнато починато во соба. На вратот имало  платнен ремен од јакна врзан за рачки од витрина.

Случајот во полицијата го пријавил лекар од Итна медицинска помош во Куманово.

Телото на несреќното момче е предадено за обдукција на Институт за судска медицина во Скопје.

Коментари

коментар(и)