Се одбележува Недела на грижа за старите лица

Со повеќе волонтерски заеднички активности годинава се одбележува Неделата на грижа за старите лица под мотото „ Сите сме нивни деца”. По тој повод денеска во просториите на здруженито на пензионери се организираше акција за мерење на шеќер во крвта. Станува збор за координирана акција на здружението Јустиција, здружението на пензионери, општинската организација на Црвениот крст од Куманово, здружението на дијабетичари, како и националната мрежа за социјално вклучување на стари лица “Инклузива М”.

-Многу е важно да го посветиме своето внимание на лицата во трето доба и што почесто да правиме вакви акции, да не биде само една недела, туку да биде тоа низ текот на целата година, истото она што го говориме и за правата на жените постојано. Секако дека многу е важно да се проверат состојбите.  Денеска тука ќе бидат со нас членови на здружението на пензионери, на дијабетичари и тоа ќе биде координирана акција. Исто така во рамките на Неделата на грижа за старите лица Јустиција ќе има предавање со поддршка на здружението на пензионери, на нивни членови за договор за доживотна издршка, за договор за подарок, оние теми кои што ги тангираат постарите и повозрасните лица во врска со располагањето со сопственоста, изјави Оливера Доцевска, Јустиција

-Секоја година бројот на заинтересираните пензионери за вклучување во акцијата во нашите активности е се поголем. Денеска предвидуваме до сто пензионери да бидат вклучени во оваа акција со помош на Јустиција со која што имаме потпишано Меморандум за соработка , а органзираме и неколку други активности. На петти декември годинава Активот на жени пензионерки ќе организира поетско читање. На ова поетско читање ќе се претстават  поетеси од здружението на пензионери од литературната секција, а ќе се претстават и поетеси од Куманово, како и другите членки од здруженијата во Куманово, изјави Јасмина Тодоровска, секретар на Здружение на пензионери Куманово

Здружението Јустиција по повод Неделата на грижа за старите лица додели и благодарници за посебни заслуги на здруженија и поединци.

-Ќе бидат доделени благодарници на Спиридон Николовски – претседател на здруженито на пензионери, на здружението на пензионери, на општинската организација на црвениот крст , на Бојан Петрушевски -секретарот на ОО на Црвен крст Куманово, како и на здружението на дијабетичари на Куманово, а исто така и на Јасмина Тодоровска – секретар на здружението на пензионери , која со нас беше во регионалниот  проект речиси цела година и не себично и срдечно помагаше исто како и сите останати, изјави Доцевска.

Освен акцијата за мерење на шеќер во крвта, со програмата се предвидува и  подарување  на торби за пазарење и брошури за правата од социјална и здравствена заштита на старите лица,  како и поделба на форекси, слики на пластика  со мотиви на грижа за старите лица  и благодарници за соработка и исклучителен придонес за унапредување на квалитетот на живот и условите за грижа и заштита на правата старите лица во Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)