Се одбележува „Недела на детето“

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска организираше свечен прием за децата и преставниците од Здружението за грижи и воспитување на децата, во рамки на одбележувањето на Детската недела, која се одржува под мотото „ Сите сме еднакви“. На приемот, градоначалникот Дамјановски истакна дека сите деца во општеството треба да ги уживаат истите права без оглед на етничка, верска или каква било различност.

-Тоа мора да биде императив на едно современо општество токму мотото е во слоганот она што е светскиот тренд бидејќи гледаме какви турбуленции се случуваат во светот, од тој аспект ви посакувам многу успех во вашата работа токму на таа тема треба да ја градиме таа патека како Македонија, Куманово како симбол на мултиетничноста. На децата им посакувам мирно безгрижно детство-истакна тој.

Дамјановски се надева дека наскоро Здружението за грижи и воспитување на деца ќе добие своја просторија за работа во Пионерскиот дом.

-Да не заборавиме ние возрасните дека детските права и обврски треба да се почитуваат во текот на целата учебна година а не само за време на оваа детска недела. Јас ви посакувам се најубаво во животот да продолжите таму каде што сте сега, со уште поголеми успеси-нагласи Виолета Стошевска од Здружението за грижи и воспитување на децата.

Стошевска информираше дека од неодамна за претседател на здружението е назначен професорот Александар Стефановски, кому му посака уште поголем успех од досегашниот. Инаку во рамки на одбележување на Детската недела, во основото училиште 11-ти октомври, ќе се одржи и манифестацијата Детски лирски треперења.

 

 

 

Коментари

коментар(и)