Се одбележува Светскиот ден на правата на потрошувачите

Оргaнизацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите денеска организираше настан во Скопје во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“.

Потрошувачките организации ширум светот на овој ден го прославуваат меѓународното движење на потрошувачите.

Во 1985 година, Обединетите нации ги унапредуваат насоките за заштита на потрошувачите, според кои сите граѓани, независно од нивните приходи и социјален статус ги имаат следните потрошувачки права:

  1. Правото на задоволување на основните потреби;
    2. Правото на безбедност на производите и услугите;
    3. Правото на информираност;
    4. Правото на избор;
    5. Правото да бидат земени во предвид интересите на граѓаните при креирањето и спроведувањето на политиката на Владата;
    6. Правото на надомест на штета;
    7. Правото на образование на потрошувачите;
    8. Правото да се живее во здрава животна средина;

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)