На мегалитската опсерваторија Кокино, рано утринава се одржа традиционалната манифестација насловената „Бдеење на кокински мугри“.
Приказната за Кокино пред присутните ја раскажа актерот Тихомир Стојановски, кој наведе дека настанот е реконструкција на паганскиот обред,кој што симболизира славење на светото спојување на небото и земјата.
Имено праисториските жители го практикувале обредот за циклично обновување на природата, со што всушност се поклонувале на небеското божество Сонцето и големата божица Мајка.
Манифестацијата со своето присуство ја збогатија и поети од Друштвото на писатели на Куманово, како и од другите градови на Макеоднија, но и автори од Бугарија и Србија.
-Можам да кажам дека сум еден од иницијаторите за воспоставување на оваа манифестација, Кокински мугри и од првата година доаѓам овде, мислам и го следам изгреј сонцето, пишувам поезија за оваа прилика, која се објавува во алманасите кои ги објавуваме секоја година во друштво на писатели-изјaви Јаготка Томовска член на Друштво на писатели.
Археологот од кумановскиот музеј, Дејан Ѓоргиевски истакна дека локалитетот има исклучително значење за Македонија, но и за Балканот.
Инаку манифестацијата и годинава ја организираше друштвото на писатели на Куманово и кумановскиот музеј, со поддршка на локалната самоуправа.