Се одржа „Детски семафор“

Ученици од 12 основни и средни училишта од Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Кратово и Крива Паланка денеска учествуваа на регионалниот сообраќаен натпревар Детски семафор и сообраќајна-техничка култура, кој се одржа во училиштето „Толи Зордумис“.

Основците се натпреваруваа во возење велосипед по соодветно подготвен полигон, додека средношколците решаваа тестови. Марјан Павличек, од отсекот за сообраќај при СВР Куманово истакна дека учениците покажал значителни резултати.

-Како и неколку години наназад така и оваа соработка со општинскиот Сектор за сообраќај на безбедност за патишта и отсек за превенција при СВР Куманово денеска сме сведоци се спроведува регионален натпревар во возење на велосипед. Овој регионален натпревар како и секоја година има своја цел запознавање на младата популација особено младите возачи со правилата и прописите во сообраќајот, како и спроведување на сообраќајната култура-нагласи тој.

Првопласираните ќе учествуваат на државниот натпревар, кој треба да се одржи на 21-ви месецов, во Скопје.

-Денеска сме домаќин на манифестацијата Детски семафор, за неполн месец два пати кај нас се одржа натпревар за ученици од основно и средно училиште. Ја користам оваа прилика да им посакам среќа на сите учесници и нивните ментори. На учениците ќе им биде од корист ова и сето тоа што го учат за да утре полесно се вклучат во сообраќајот –изјави Бобан Ѓорѓиевски директор на ОУ Толи Зордумис

Бројот на учесници на натпреварот последните години се повеќе се зголемува, бидејќи покрај натпреварувачкиот карактер има и многу дружење меѓу учениците.

 

Коментари

коментар(и)