Се одржа маскенбалот „Батко Ѓорѓија “

Повеќе од  2.000 учесници под маски беа дел од  17-от маскенбал „Батко Ѓорѓија“ што денеска се одржа на градскиот плоштад во Куманово. 

Организатори на манифестацијата, на која учествуваат сите основни и средни училишта, градинката „Ангел Шајче“ , но и поединечни маски се Фондацијата за култура и спор и Секторот за култура од општина Куманово.

Први пред  граѓаните своите креативни маски ги презентираа децата од градинката „Ангел Шајче“, по што следуваа организирани маски на учениците од основните и средните училишта.

Традиционалната манифестација „Маскенбал“  ја прогласи за отворена градоначалникот Максим Димитриевски порачувајќи им на родителите на децата во иднина да им бидат уште поголема поддршка на своите дечиња.

-Ја облеков оваа маска денеска најпрво да ги охрабрам најмладите бидејќи секоја година по ред , сега 17 –ти пат ми прават голема чест и задоволство со тоа што се маскираат , а воедно Вас родителите да Ве охрабрам следната година да се обидете макар нешто да нацртате околу очите за да им дадеме подршка на нашите најмили. Исто така сакам од овде да најавам , бидејќи ова е 17-ти традиционален маскенбал, на 20-тиот Куманово имаме намера да го воведеме на листата на градови кои што организираат карневал, така што ќе мораме да научиме и ние граѓаните на Куманово поактивно да го празнуваме овој ден бидејќи маската има за цел да не орасположи во овие тешки времиња, да внесе живот, радост и смеа во секој дом. Го прогласувам овој маскенбал за отворен и им благодарам на сите учесници што беа креативни, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово  

Публиката, имаше можност да ужива во шаренило од маски, Клеопатри, екологисти, зајачиња , принцови и принцези.

Жири комисијата беше составено од стручни лица, кои ја оценуваат инвентивноста, костимите и сценскиот настап.

Прво место од градинките освои објектот „Развигорче“  со маската Шарени балони летаат во воздух, второ место е „Синоличка“ со Зајче без опавче, трето место е „Кокиче“ со маската Весели кокичиња патуваат со воз.

На ниво на основни училишта првата награда ја освои „Вук Караџиќ“ со Ден и Ноќ, второ место е „Кочо Рацин“ со Весели дождовни капки и трето место „Христијан Карпош“ со Детски радости.

Од средните училишта на овогодишниот маскенбал  најдобри беа гимназијалците со „Ролеркостер“, второ место „наце Буѓони“ со Љубовта е најголема боја,  и трето „Киро Бурназ“ со Пеперутки.

Најдобра индивидуална маска е „Подвижна енциклопедија“ на Лина Штерјовска, специјална награда освои центарот за ран развој „Балтазар“, а доделана е и награда на учесниците од „Димитар Влахов“ од Струмица.

Од општинскиот буџет , како и претходните години,  одвоени се околу 100.000 денари за манифестацијата.

Коментари

коментар(и)