Се одржа Меѓуопштинско првенство во фудбал за средношколците

– Општинскиот сојуз на училишен спорт Куманово на шести април годинава одржа Меѓуопштинско првенство во фудбал за средни училишта. На првенството за машки учествуваа СОУ „Сами Фрашери” и СОУ Гимназија „Гоце Делчев” каде што во квалитетен натпревар победи со 3:1 екипата на СОУ„Сами Фрашери” и се стекна со право за понатамошни натпревари на зонско првенство. За женски се пријави само екипата на СОУ Гимназија „Гоце Делчев” и директно е пласирана за понатамошни натпреварувања, информира претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт, Ивица Ѓорѓиевски.

Коментари

коментар(и)