Се одржа специјализирана изложба на шарпланинци

Специјализирана изложба на шарпланинци, Меморијал Владимир Крстевски, се одржа на тениските игралишта во Куманово. Покрај учесници од Куманово и Македонија, на настанот свое учество имаа и љубители на овој вид миленици од Србија и Чешка.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Куманово, кој упати апел сите да се грижат и за расните кучиња, но и за кучињата бездомници кои се оставаат на отворен простор и се препуштени сами на себе. Изложбата се одржа во машка и женска категорија.

Коментари

коментар(и)