Се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал 2017“

Андреа Георгиевска со маската снежна кралица ја освои првата награда на традиционалната манифестација Маскенбал 2017, која се одржа викендов, а е во организација на Центарот за култура. По одлука на стручното жири, второто место и припадна на Лина Штерјовска, во маска шлаг, а третото на Горо Нешковски, кој беше во лик на суштество од видео играта Мајнкрафт.

Како и секоја година и овој пат беше доделена награда за најиновативна маска насловена мис стоби, на Ања Јовчевска, за сценски настап наградена е групната маска на лицата со посебни потреби, наречена Црвенката и волкот, а награда за групна маска добија Нела и Тереза Данаиловски, кои беа пуканки. Центарот за култура додели и 12 пофалници на неколку индивидуални и групни маски.

-Повеќе од две децении една од нашите најубави најмасовни манифестации бидејќи ги соединуваме нашите најмлади посетители, гости, маскирани во шарени бои заедно со своите родители, масовноста не не изненадува затоа што е тоа традиција во нашиот Центар за култура. На маскенбалот има близу 100 учесници на сцената, во публиката сведоци сте дека исто така има маскирани деца, така што навистина една масовност од која сме задоволни-истакна директорот на оваа установа, Сашо Костовски.

Манифестацијата која се одржува уште од 1994 година, овој пат  исто како и лани ја водеше актерот од кумановскиот театар, Марко Трајковиќ.

Коментари

коментар(и)