Се отвори „Дрекслмајер“ фабрика во близина на Куманово

Почна со работа производниот капацитет на Дрекслмајер во Куманово за чија инвестиција е одвоена двоцифрена милионска сума што ќе креира нови работни места во Куманово. Инаку, ова е втор производен капацитет во земјава на компанијата што ѝ припаѓа на автомобилската индустрија.

– Како лидер во премиум автомобилскиот сегмент и дел од листата на Топ 100 добавувачи во светската автомобилска индустрија, постојано ја добиваме и ја зајакнуваме довербата од нашите клиенти, така што се јави потребата од дополнително проширување на производствените капацитети каде е остварен комплетно интегриран производствен процес. 2020 година донесе многу турбуленции предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19, а неповолните социо-економски движења не нè одбегнаа ниту нас. Сепак продолживме да инвестираме во нови производствени капацитети и развојни проекти, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Во соопштението за медиумите се наведува дека компанијата ќе обезбеди работна средина која ќе понуди можност за професионален развој на вработените, вложување во техничкото знаење преку посета на фабриките на други локации, меѓународна размена на искуства.

Коментари

коментар(и)