Се помал одзив домашните миленици да примаат вакцина против беснило (видео)

Зошто луѓето сопственици на домашни миленичиња се повеќе избегнуваат да ги вакцинираат од беснило? Дали е во прашање само цената што изнесува 590 денари, па заедно со чипирањето и пасошот достигнува до околу 1.300 денари или пак тоа што бездомни животни  во последно време се појавуваат како резултат на негрижа штом истите ќе станат возрасни? Децата обично ни ветуваат дека ќе ги шетаат своите миленици- кучињата и дека ќе им чистат, но кога ветувањата не се исполнуваат, повозрасните спасот за животните најчесто го бараат на улица. Стационар, да, рече нашиот соговорник, докторот по ветеринарна медицина, Димитар Венев, но приодот треба да биде различен.

 

Коментари

коментар(и)