Се празнува Свети Климент Охридски

Денес се чествува денот на Свети Климент Охридски, македонски светец и еден од учениците на браќата Кирил и Методиј кој зел активно учество ви изврувањето на Моравската мисија.

По барање на бугарскиот цар Борис I заминал во Охрид,каде во 886 година ја формирал Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој 3.500 лица излегле како подготвени. Тој е познат македонски и словенски учител и исто е познат по градот Охрид. Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Во Република Македонија денеска се чествува денот на „Свети Климент Охридски“, македонскиот светец и просветник, а по тој повод во државата е неработен ден.

Свети Климент се родил во Рим, а потекнува од царски род. Во младоста отпатувал на Исток, каде што се запознал со верата во Христос, а по враќањето во Рим бил избран за епископ во престолниот град.

Најголемиот дел од моштите на св. Климент се чуваат на Плаошник, а покрај нив, во Македонија има мошти на Св. Климент во Бигорскиот Манастир, во Митрополијата во Битола, во Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Скопје, во Црквата „Св. Климент Охридски“ – Скопје и во Поречкиот Манастир.

Покрај црковните и педагошките дејности, особено учителско проcветителски, Климент развил и богата книжевна дејност. Автор е на многу поучни и пофални зборови, но во неговото творештво преовладуваат поучителните слова кои се однесуваат на општохристијанските светители: Св. Ѓорѓи, Св. Тома, Св. Антониј, потоа слова посветени на Богородица и слова посветени за настаните од животот на Исус Христос.

Коментари

коментар(и)