Се расчистуваат ли улиците ?!

Додека надлежните служби во другите градови навремено почнаа со чистење, во Куманово локалната власт предводена од градоначалникот и СДСМ не презеде ништо за чистење на снегот, кој неколку дена стои по улиците на градот и го попречува сообраќајот, обвинија денеска од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.  Го  повикуваат градоначалникот веднаш да преземе мерки за расчистување на улиците.

 – До кога снегот, како и секоја година ќе не изненадува во јануари? Зошто дозволивте граѓаните секојдневно да се изложуваат на опасности ако се знае, дека сите надлежни служби беа навремено информирани за временските прилики? –изјави Анета Шандева Доневска, ОК ВМРО ДПМНЕ

И граѓаните потврдуваат дека отежнато се движат низ градот, но сепак сметаат дека тоа е нормално за зимскиот период.

Од локалната самоуправа уверуваат дека работат на расчистување на снежните наноси со сета расположива механизација. Велат на терен се петнаесетина машини,а деновиве фрлени се 85 тони сол.

Дамјановски потенцира дека двете фирми за зимско одржување на улиците ги завршуваат обврските на терен согласно временските прилики. Дополнителен проблем претставуваат многу ниските температури кои што го отежнуваат работењето на машините , а и  солот го растопувал  снегот само до минус седум степени Целзиусови , посочуваат надлежните.

-Денеска  кризниот штаб одржа состанок и доколку има потреба ќе ангажираме дополнителна механизација, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Дека улиците во градот се проодни пишува и во извештајот на ЦУК. Поплаки од граѓаните добиле од приградските и селските средини каде што се уште има отсечени патни правци. Инаку, вкупната должина на улиците во двете зони на градот кои што треба да бидат расчистени од снежните наноси е 280 километри.

Коментари

коментар(и)