Се реконструира фасадата на ОУ „Браќа Миладиновци“

Се реконструира фасадата на реонското училиште „Браќа Миладиновци“ кај Соколана. Реконструкцијата се спроведува преку проект на североисточниот плански регион и со поддршка на општина Куманово. – Градежните активности веќе се во тек, јужната страна речиси целосно е завршена, додека градежните активности на северната страна штотуку почнаа, поради безбедност на учениците, бидејќи во близина се и друго училиште „Наце Буѓони“ и ученички дом „Професор Мијалковиќ“ каде до неодамна имаше уписи на ученици, изјави директорката на училиштето, Јасминка Спасовска.

Надлежните очекуваат со новата енергетски ефикасна фасада да се намалат трошоците за греење на учениците од нижите одделенија кои следат настава во овој објект од училиштето. Во реонското училиште настава следат околу 500 ученици од прво до петто одделение од две централни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

Коментари

коментар(и)