Се рехабилитира патот Куманово-Страцин

Премиерот Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид на градежните работи за рехабилитација на патниот правец Куманово – Страцин, делница долга 16,6 километри.Рехабилитацијата тече согласно динамиката, а во кумановско се реконструирани патишта во должина од 112 километри појасни функционерите. Проектот чини 7,2 милиони евра, а со обезбедени средства од ИПА фондовите ќе се заврши целосниот патен правец. За оваа инвестиција премиерот посочи дека се рехабилитира комплетната коловозна конструкција со асфалтирање во два слоја и се изведува санација на три моста и десет плочести пропусти.

-Се гради заштита на косини со армирано бетонски ѕидови, и се поставува заштитна мрежа заради безбедност. Долж делницата ќе се реновираат и градат седум паркиралишта и осум автобуски станици и се изведуваат работи комплетна обнова на хоризонтална и вертикална сигнализација по целата траса како и електричното осветлување на патот што поминува низ населеното место Страцин-нагласи тој.

Како што појасни премиерот и во услови на пандемија се гради со ентузијазам, пожртвуваност, и по план, современа инфраструктура за да имаме современа држава. Дополни дека се прошируваат капацитите на меѓународните коридори, за да се подобри екомномијата, а се проширува патната инфраструткура на клучните гранични премин, Ќафасан и Деве баир.

-Рехабилитиарни се следниве патишта во должина од 112 килемтри. Куманово-опае кој се реахабилитира прв пат по 40 години, Куманово-Никуштак по 40 години,Куманово- Свети Николе кој беше еден од најлошите патишта, по многу години се реконструираше патот Младо Нагоричане Пелинце, Куманвоо-Страцин и Ропаљце-Матејче-Липково. Овие сите патишта чекаа повеќе од 40 години за да некој се смилува дека треба нешто и да се гради во овој регион-дополни премиерот.

Како што рече Спасовски, при крај е постапката за последниот дел од делницата од автопатот кон Табановце за да се спои со делницата до село Војник.

Министерот Сугарески посочи дека е во завршна фаза и патот од Ранковце до Крива Паланка, како и експресниот пат од Крива Паланка до Граничниот премин Деве Баир.

Така да имаме целосно поврзување на коридорот 8 и апсолутно сметам дека во овој нареден период од неколку месеци или една година ќе имаме целосно поврзување со бугарската страна. Голем број на регионални патни правци се направени во овој период во овој регион во кумановскиот, така да очекуваме со завршување на овој патен правец, целосно ќе биде завршен делот во патната инфраструктура, изјави Сугарески.

Како што додаде тој, сите проекти кои се реализираат преку министерството се во силна динамика, а екот на градежната сезона дозволува за 6-7 месеци голем дел од тие проекти да бидат и завршени.

Коментари

коментар(и)