Се санира мостот во Проевце

Се санира мостот над река Кумановка кај село Проевце.

Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека работните активности се започнати на 13.12.2021 година, а изведувач е компанијата „Синтек Инженеринг“ – Скопје.

Реконструкцијата ќе опфати санација на столбовите, менување на лежишта, санација на челичната конструкција, на отворената дупка на коловозот, бетонирање на нова коловозна плоча, нова хидроизолација, нова еластична одбојна ограда и нови тротоари.

Рокот за изведување на работите е 15 месеци, а санацијата ќе чини 59,7 милиони денари без ДДВ, односно скоро 936.000 евра.

Коментари

коментар(и)