Се санира оштетениот ѕид во ОУ „Кочо Рацин“

Градежни екипи деновиве активно работат на реконструкција на потпорниот ѕид во основното училиште Кочо Рацин. Директорката Лидија Пешевска информираше дека со помош на општина Куманово успеале да го решат овој проблем. Градежните работите е планирано да потраат уште некој ден.

-Одговорните лица ме информираа дека чекаат да се наполни ѕидот со бетон, потоа ќе следуваат оние фини работи ќе се прави и портата на влезот. Од страна на безбедноста на учениците и наставниците, родителите и сите што живеат во близина на училиштето овој проблем ќе го решиме траеше малку подолго време но по долги обвинувања и од опозицијата и недобронамерни луѓе, благодарам на добронамерните еве завршуваме со ѕидот-истакна Пешевска.

Освен овој проект, во основото училиште Кочо Рацин во моментов се работи и на изградба на пристапен влез за лицата со инвалидитет, кој е во рамки на проектот Сложувалка, кој се реализираше со Здружението Мобилност.

– Завршуваме денеска и со главниот градежен објект влезот за лицата со инвалидитет тука се од Мобилност, фирмата што изработува, влез пристапна рампа и опремување и адаптација на тоалет по стандардтите за вакви лица и планираме со почетокот на есента да опремиме уште еден тоалет за деца кои имаат потреби од нив-додаде таа.

Градежните работи ги набљудуваше и Бранимир Јовановски од Здружението за лица со телесен инвалидитет Мобилност, кој посочи дека основата за едно младо суштество да напредува во животот е едукацијата. Со оглед на тоа што постојат деца кои се соочуваат со тешкотии при движењето,  објектите во кои се изведува настава од основно, средно и високо образование, би требало да бидат приспособени за нивно непречено движење. На тој начин тие би се едуцирале и би биле поконкурентни на пазарот на труд.

-Голем чекор е ова за Куманово, основото училиште и нашите членови, децата кои се соочуваат со телесен инвалидитет и јас искрено се надевам дека оваа активност ќе ја подржи локалната самоуправа и дека од сопствени средства и планови понатаму ќе се обиде да ги адаптира и останатите училишта. Адаптацијата започнува со пристапна рампа во влезовите на училиштата и со тоалет во кои децата ќе ги обавуваат своите физиолошки потреби но многу често е потребно и да се изградат лифтови за премостување на висински разлики за да можат децата да ги посетуваат кабинетските настави бидејќи обично кабинетите се наоѓаат и на повисоките катови. Знаеме дека тоа е поскапа инвестиција но се надеваме дека за доброто на сите, доброто на општеството дека такви средства ќе бидат најдени-истакна Јовановски.

Од основото училиште Кочо Рацин информираа дека им претстои реализација на уште проекти, меѓу кои реконструкција на подрачното училиште во село Орашац, кровот во село Биљановце, а работат и на проект за централното училиште за  отстранување на азбесниот кров. Учебната година со заеднички труд на учениците, наставници и родителите ја завршуваат успешно, со одлични резултати и бројни награди на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво.

Коментари

коментар(и)