Се чистат градските гробишта

Продолжува чистењето на градските гробишта, информираат од Чистота и Зеленило. Акцијата за расчистување се спроведува по реакција на граѓаните кои бараа целосно расчистување на гробиштата. Од јавното претпријатие наведуваат дека покрај расчистувањето на секаков вид на смет на градските гробишта, поставени се нови контејнери

Покрај чистењето на гробиштата од секаков вид на смет, од утре планирано е расчистување на „дивите“ депонии низ градот. И повторно апелираме граѓаните совесно да се однесуваат, изјави директорот на претпријатието, Даниел Стојчевски. Надлежните посочија дека на повеќе локации во градот поставени се таканаречените контејнери „ѕвона“ кои се наменети за селектирање на стакло. Вакви контејнери поставени се на „Народна Револуција“, „Тоде Думба“, „Индустриска“ улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње, во населбата „Иго Тричковиќ“, кај градскиот базен, на влезот од Куманово на бензинска пумпа. -Во текот на оваа година имаме складирано околу 30.000 килограми селектирано стакло, што ќе биде предадено на соодветен правен субјект за понатамошно рециклирање, изјави Стојчевски.

Коментари

коментар(и)