Се шири дистрибутивната гасоводна мрежа

Изградена е нова дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 350 метри на улица Васко Карангелевски до раскрсница со улица Видое Смилевски – Бато, информира јавното претпријатие „Куманово гас“.

Мрежата е пневматски испитана на цврстина и непропустливост и истата ги задоволува сите барања согласно Законските прописи со кои се уредуваа оваа област.

Претпријатието продолжува со  ширење на дистрибутивната гасоводна мрежа во Куманово, со цел создавање чиста и здрава животна средина.

Коментари

коментар(и)