Скромно одбележување на Денот на ослободувањето на градот

Годинава поради ковид кризата,  11-ти Ноември, 76 години од ослободувањето на Куманово ќе биде одбележан со неколку скромни манифестации, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот , Максим Димитриевски.

„Ден претходно е планирано потпишувањето за збратимување со Општина Гњилане од Косово, пријателска општина со која во минатото реализиравме поголем број на проекти за прекугранична соработка“, рече Димитриевски.

-На 11 -ти Ноември е планирано полагање на цвеќе на Спомен костурница во Куманово и одржување на свечена седница на Советот на општина Куманово. Сите активности ќе бидат согласно со протоколите за заштита од ковид 19. Ова е симболчно одбележување на Денот на градот, не како што сме навикнале со организација на мега концерти, огномет. Оваа година решивме средствата кои се предвидени за организација на концертот и средствата за новогодишното украсување и огнометот да ги пренамениме, и дадов предлог во ребалансот на буџетот до Советот да се пренаменат за обезбедување набавка на таблети и друга опрема која ќе се користи за онлајн наставата за учениците во нашата општина, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Поради актуелната состојба и ширење на ковид кризата, Димитриевски апелираше – услугите од општината да се обезбедат преку електронски пат, а сите информации, контакт телефони и имеил адреси ќе бидат објават денеска на официјалниот сајт на општината.

-Го честитам празникот на сите граѓани и апелирам до сите Вас да ја сфатите сериозно состојбата во која се наоѓаме, да ги почитувате ковид мерките и да се обидете да држите максимална дистанца, особено апел до младите и по заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а исто така и по реакциите на сите надлежните институции, сите информации велат дека голем број млади луѓе во вечерни часови се групираат на јавни места, површини и тн., рече Димитриевски.

Градоначалникот повторно посочи дека граѓаните се најодговорни за своето, но и за здравјето на сите нас и можат да дадат огромен придонес во ковид кризата со почитување на веќе пропишаните мерки.

Коментари

коментар(и)