Слободни места за запишување во сите средни училишта

163 ученици од вкупно пријавените 239 кандидати со настава на македонски наставен јазик запиша средното техничко училиште „Наце Буѓони“ во првото пријавување во јунскиот рок. Директорот на училиштето, Драган Јаневски вели дека првото пријавување е во рамките на очекувањата,  интерес има за сите профили, нагласувајќи дека веќе е пополнета предвидената бројка само за електро-техничар за компјутерска техника и автоматика.

-Со настава на македонски наставен јазик за техничар за компјутерско управување  од машинска струка имаме 16 слободни места, машинско-енергетски техничар имаме 32 слободни места и конструкциски механичар со тригодишно образование имаме 32 слободни места. Во електро-техничката струка, двата профила,  електротехничар, енергетичар имаме слободни 42 места, а во профилот компјутерска техника и автоматика, електро-техничар за компјутерска  техника и автоматика немаме слободни места, таму бројот е пополнет со предвидените ученици, од пријавените 94 ученици, што е голема бројка, запишани се 68, т.е. две паралелки. И во профилот медицинска сестра имаме пријавени 64 кандидати од кои услов исполнуваат 47 , значи за второто пријавување имаме 21 слободно место, изјави Драган Јаневски, директор на ОСТУ  „Наце Буѓони“

Идните средношколци и годинава најголем интерес пројавија за гимназиското образование. По првото пријавување во гимназијата „Гоце Делчев“ запишани се вкупно 210 ученици, од кои 206 со настава на македонски јазик, а 4 кандидати се пријавиле за паралелката на српски наставен јазик, но поради континуирана слаба заинтересираност, паралелката нема да се оформи. Помошник директорката на гимназијата, Соња Тодоровска вели дека се задоволни од бројот на пријавените ученици во првиот уписен рок особено што и понатаму, како и досега, најголем интерес има за гимназиското образование, односно за општествено- хуманистичко подрачје комбинација Б  годинава се пријавиле 76 ученици, потоа следува природно- математичко подрачје комбинација А со 60 ученици, јазично -уметничко подрачје комбинација Б – 30 ученици, природно -математичко подрачје комбинација Б  – 17 запишани, општествено-хуманистичко подрачје комбинација А – 16 ученици и јазично-уметничко подрачје комбинација А – 11 запишани. 11 пријавени ученици има и за билингвалната паралелка која што повеќе од две децении опстојува во гимназијата „Гоце Делчев“, посочува Тодоровска.

Помал интерес во првото пријавување има за средното стручно училиште „Перо Наков“ каде што се пријавиле вкупно 117 кандидати во сите профили и плус пет ученици се запишани на Спортска академија.

„Перо Наков“ за второто пријавување располага со 305 слободни места.

Второто пријавување во јунскиот рок е на 24 и 25 јуни.

Коментари

коментар(и)