Снегот е поволен за есенските посеви

Снегот е добредојден за есенските посеви,информираа денеска,надлежните од здружението на земјоделци од Куманово.Оттаму објаснија дека снегот поволно влијае врз влажноста на почвата и ги заштити посевите од измрзнување.

-Од крајот на завршувањето на есенската сеидба до јaнуари имаше долг период на суша во кумановско,немаше врнежи,па затоа снегот е мошне поволен за есенските посеви, посочуваат од  здружението на земјоделци.

Во кумановско,земјоделците посеале  над 80% од планираните површини.

Според податоците од подрачната единица на МЗШВ-Куманово во општините Куманово,Липово и Старо Нагоричане планирани за есенска сеидба беа вкупно 21.150 хектари од кои 11.000 со пченица,6.850 со јачмен,300 со рж, а 1.250 со фуражни култури.

За разлика од земјоделските посеви, делумна штета од ниските температури претрпеа овошки и лозовите насади.Инаку, во кумановско има приближно 80 хектари насадени со овошје.Од здружението на земјоделците појаснуваат дека се уште нема проценка колкави се штетите од ниските температури на овошните и лозовите насади и дека допрва ќе се утврдуваат.

Во здружението на земјоделци во Куманово регистрирани се околу 3000 земјоделци од општините Куманово,Липково и Старо Нагоричане.

Коментари

коментар(и)