Совети во случај на земјотрес

Дирекцијата за заштита и спасување даде упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.  Според препораките на надлежните, ако за време на земјотрес граѓанинот е на отворен простор, треба да остане мирен и присебен, да не дозволи да го совлада паника и да биде свесен дека после почетните потреси многу брзо доаѓаат  и други појаки потреси.

-Подалеку од уличните светла , електричните кабли и високите згради. Ако сте на улица внимавајте на објектите кои може да се срушат или предмети да паднат врз нас, како што се оџаци, керамиди, скршени стакла. Главата заштитете ја со рацете или со чанта  доколу ја носите . Ова се само дел од препораките содржани во упатството на дирекцијата.

Доколку за време на земјотрес граѓанинот е во затворен простор, ВЕДНАШ ЗАСОЛНЕТЕ се на побезбедните места: довратници, носечки ѕидови, испод маса или друг поцврст дел од мебелот, или покријте го лицето и главата со рацете и засолнете се во ќошот од внатрешните ѕидови од просторијата и ОСТАНЕТЕ ТАМУ ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ. – Ако лежите СПУШТЕТЕ се покрај креветот и заштитете ја главата со рацете. – ОДДАЛЕЧЕТЕ СЕ од прозорците, стаклата, надворешните ѕидови и врати и било што што може лесно да падне како што cе ормани, полици, лустер, и слично.- ОСТАНЕТЕ во затворениот простор додека трае потресот (најмногу повреди настанува при обиди за напуштање на затворениот простор ДОДЕКА ТРАЕ ПОТРЕСОТ). – Додека трае потресот НЕ КОРИСТЕТЕ лифтови и скали. – Дури и кога е безбедно напуштањето, НЕ КОРИСТЕТЕ лифт.→Не излегувајте на тераса или на балкон.  →Доколку сте во јавни објекти (училишта, трговски центри, јавни институции, установи и служби и друго) – останете мирни и не паничете. Бидете подалеку од масата луѓе што панично се движи кон излезите. Бидете свесни дека може да дојде до прекин на струјата или ќе се вклучат алармите (противпожарни и други аларми). Секогаш треба да имате при рака батериска ламба и транзистор со резервни батерии, пулсни телефони или комбинирани/пулсно-дигитални кои може да функционираат и кога објектот нема електрична енергија. Веднаш исклучете ги сите извори на електрична енергија, плин и вода. Ако сте користеле било каков извор на топлина, исклучете го кога ќе се смири потресот. Ако се појави пожар обидете се да ги изгаснете веднаш и јавете се на бесплатниот повикувачки телефонски број: 193. Доколку сте во можност пружете прва помош на повредените . .

ДОКОЛКУ за време на земјотрес граѓанинот се наоѓа во возило во движење, се препорачува следново.

  • Застанете доколку е можно, но да не ја загрозите безбедноста во сообраќајот,
  • Избегнувајте застанување во близина на зграда, дрвја, надвозници или електрични кабли,
  • Продолжете внимателно кога ќе престане потресот,
  • Избегнувајте патишта, мостови, рампи кои може да бидат оштетени од земјотресот.

Ако за време на земјотрес граѓанинот се најде под урнатини, надлежните упатуваат да не се пали запалка или ќибрит, НЕ СЕ ДВИЖЕТЕ и СЕДЕТЕ смирено, УДИРАЈТЕ во ЦЕВКА или ЅИД за да можат тимовите за спасување да Ве пронајдат. Ако имате СВИРЧЕ искористете го. ВИКАЈТЕ САМО ако тоа е последно решение (со викањето може да се вдишат големи количини прашина, а тоа е опасно).

  • Сочувајте ја присебноста и ОБИДЕТЕ се да се ориентирате.
  • Ако сте притиснати со материјал, ЗАПОЧНЕТЕ СО ОТСТРАНУВАЊЕ на истиот (при тоа штедете ја силата и ВНИМАВАЈТЕ на острите предмети и од дополнително повредување).

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ПОСЛЕ ПРВИОТ УДАРЕН БРАН НА ЗЕМЈОТРЕСОТ:

  • БИДЕТЕ подготвени  за ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОТРЕСИ.
  • Ако ОБЈЕКТОТ Е ОШТЕТЕН поради можноста од појава на последователни потреси, НАПУШТЕТЕ ГО СМИРЕНО, без паника (НАЈПРВИН мајки со деца, болни, стари лица и инвалиди).
  • Ако сте во ОШТЕТЕН ОБЈЕКТ и чувствувате мирис на ПЛИН или забележите ИСКИНАТИ КАБЛИ, НЕ ПАЛЕТЕ СВЕЌИ ИЛИ ЌИБРИТ-ЗАПАЛКА (поради опасност од ЕКСПЛОЗИЈА).
  • ПРОВЕРЕТЕ дали има ПОВРЕДЕНИ.
  • НЕ ГИ ПОМЕСТУВАЈТЕ ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНИТЕ.
  • СЛЕДЕТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ на надлежните институции.
  • Користете го телефонот МИНИМАЛНО (да не се преоптоварат линиите).
  • НЕ КОРИСТЕТЕ автомобил за ЕФИКАСНО да дејствуваат спасувачките тимови.
  • НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ во затворен простор, посебно ако се оштетени објектите, ако се чувствува мирис на плин или забележите искинати кабли.

Коментари

коментар(и)