Сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка синоќа околу 19.40 часот  се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило  „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(31 година) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37 години) од Крива Паланка и патничко моторно возило „шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.М. (24 години) од Куманово.

По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Коментари

коментар(и)