СОУ „Перо Наков“ успешно го завршува проектот „Учиме за Европа“

Средното општинско училиште „Перо Наков“ успешно го завршува Еразмус+ проектот „Учиме за Европа“ во партнерство со училишта од Португалија, Романија, Италија и организации од Италија, Шпанија, Ирска и Грција, соопштија денеска надлежните од училиштето. Во текот на учебната година се организираа посети, работилници во повеќето од вклучените училишта. Проектот е дел од програмата Еразмус плус, т.е. потпрограмата КА201, финансиран од италијанската национална агенција.

– Проектот има за цел, преку едукативни игри за младите да ги доближи вредностите на Европската унија поблиску до сите. Преку овие креирани игри ќе може да се задржи вниманието на учениците, односно да се поттикне интересот кај младите да научат и осознаат повеќе за европските држави, за нивната историја, за управувањето на Европската Унија, па дури и за донесување на Законите во ЕУ, изјави Ивана Близнаковска Доцевска, координатор на проектот и професор во СОУ „Перо Наков“.

Наставници и ученици од училиштето ги посетија Пеналва де Кастело, Португалија, заедно со ученици од Португалија, Италија и Романија. Учесниците го промовирале напредокот на развиените игри од проектот и како што појаснија надлежните потврдена е корисноста на игрите, како и дидактичката разновидност За време на мобилноста биле спроведени повеќе активности за верификација на учесниците, во форма на работлници, координирани однаставниците, каде што се евидентираа производите на проектот, како и впечатоците и недостатоците на производите. –

Добиените резултати од страна на учениците беа охрабрувачки за креаторите на игрите, како и за креаторите на содржината т.е. училиштата, појасни Близнаковска Доцевска.

По завршувањето на оваа мобилност, учениците и професорите од кумановското училиште следеле онлајн состаноци. Преку работилници на кои што учествувале учениците имаа можност да го промовираат нивното критичко размислување и граѓанска одговорност.

Коментари

коментар(и)