Социјадемократите даруваа крв

Кумановските социјалдемократи денеска по 23ти пат зедоа учество во крводарителската акција која ја организираше општинската организација на СДСМ, а во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина.

Првиот човек на СДСМ Куманово, Мартин Костовски вели дека над 100 лица денеска ќе бидат дел од акцијата и се надеваат дека ќе се сруши рекордот од 135 собрани крвни единици.

Го користиме овој ден да упатиме апел до сите граѓани, да даруваат крв, бидејќи капка крв некогаш значи жиот за некој човек. Ќе продолжиме и во иднина, два пати годишно правиме ваквки акции, по повод Денот на крводарители во месец март и во јули месец со што во календарот на активностите на Општинската организација како што кажав е и оваа крводарителска акција и во иднина ќе продолжиме да организираме вакви акции – рече Костовски.

Традицијата стара неколку години предвидува секоја крводарителска акција да има свој кум, кој треба да се погрижи за храна и пијалоци за оние кои биле хумани и дарувале крв. Овогодинешниот кум Нинослав Трајковски ги повика сите граѓани, без разлика дали се симпатизери на партијата да бидат хумани.

Посебна чест е како крводарител да бидеш и кум на оваа манифестација, која е од хуман карактер и во која учествуваат многу наши сограѓани и ја користиме оваа прилика да ги повикаме уште помасовно да го собориме рекордот од 135 направен во оваа организација овде – изјави Трајковски.

Според календарот на партиските активности, крводарителска акција СДСМ ќе организира и во текот на месец јули.

Коментари

коментар(и)