Со златен медал одликуван Далибор Китановиќ од претседателот на Србија

Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“ од Куманово, одликуван e со златен медал за посебни заслуги во културата од претседателот на Србија Александар Вучиќ, по повод празникот Видовден.

Признанието е резултат на исклучителните залагања на Китановиќ во областа на јавните и културни дејности, пристапот во работата и квалитетната комуникација со културните здруженија во Србија, кои се од особено значење за српската заедница во Македонија.

Свеченото доделување на повеќето признанија се одржа во палатата „Србија“ во Белград.

Коментари

коментар(и)