Со мартовската исплата на пензиите ќе има покачување од 8.4%

Со мартовската исплата на пензиите ќе има покачување од 8.4% на сметките на граѓаните-сениори.Со ова се врши усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот и растот на просечната плата соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Пензијата согласно новата Методологија, се усогласува на 1 март и на 1 септември секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија.

Следното усогласување се очекува во септември годинава.

Коментари

коментар(и)