Со нов тренер ЖРК Куманово започна со подготовките за вториот дел од сезоната

Ракометарките на Куманово од денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во женската ракометна супер лига кој се очекува да започне кон крајот на следниот месец.

Со позитивен дух и подготвеност за новите предизвици кои ги носи втората полусезона, ракометарките со својот старо-нов тренер Зоран Јосимовски, ќе се обидат да физички и стратегиски да се засилат и да дојдат до посакуваното второ место во лигата.

Тренерот Јосимовски се надева на успешна полусезона и пласман зад вицешампионот на Европа, ЖРК Вардар.

– Ќе биде голем успех ако успееме да го освоиме второто место во конкуренција со екипите како што е Вардар, Металург и Пелистер во овогодинешната конкуренција. За жал нема да бидеме комплетни, бидејќи имаме повредени ракометарки, но ќе направиме се што е во наша можност да ги оствариме победите пред се над конкурентите за второ место и да успееме да го освиме второто место што ќе биде голем успех, изјави Јосимовски.

Ракометарките се задоволни од првиот дел на сезоната, но и подготвени да го дадат својот максимум за да станат вицепрвак во македонскиот женски ракомет.

– Мислам дека покажавме добра игра, како и секоја екипа имавме и лоши натпревари, но мислам дека во вториот дел ќе успееме да ги исрпавиме сите оние недостатоци и да стигнеме на посакуваното второ место. Мислам дека имаме одлична екипа и дека можеме да успееме да дојдеме до второто место, започнавме со подготовките и секако ќе се подготвуваме максимално и сметам, и очекувањата ми се големи, дека ќе стигнеме до второто место, изјави Викторија Пеовска, капитенот на ЖРК Куманово.

– Во првиот дел од сезоната мислам дека покажавме добар резултат, меѓутоа можеше и подобро, се на се, тоа е како што очекувавме. За оваа полусезона веќе почнавме со подготовките и мислам дека ќе ги исправиме тие некои грешки кои што ќе не одведат до второто место, изјави Александра Боризовска.

Во првиот дел од сезоната, ЖРК Куманово четвртопласиран во табелата со девет победи од 14 одиграни натпревари. Кумановки ќе тре да се потрудат да дојдат над Вардар, Пелистер и Металург кои се наоѓаат на првите три позиции.

Коментари

коментар(и)