Спасовски: Вложуваме во училишта, градинки, патишта

„Нашите политики се за подобар живот на граѓаните, за зголемување на животниот стандард, за унапредување на инфраструктурата и условите за живот во секоја општина, во секој град и населено место, а тоа граѓаните на Куманово го препознаваат“,-рече Оливер Спасовски на средба со граѓаните во Куманово и Агино село.

-Поставивме примерна одговорно, домаќинско и отчетно управување со јавните финансии. Парите на граѓаните денеска не ги трошиме на барок, на споменици и палми, туку вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради.Резултатите се видливи, без оглед за кој сектор станува збор и за сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните”-, потенцираше Спасовски.

Коментари

коментар(и)