Спасовски: Никој нема право да го загрозува референдумскиот процес

„Во секторот за внатрешни работи Куманово разговаравме околу претстојниот референдум. Мора да признаеме дека состојбата е стабилна, мирна, немавме нарушување на јавниот ред и мир во предизборниот период. Имаше неколку изолирани инциденти кои што се целосно расветлени  и поднесени соодветни пријави против сторителите и македонската полиција и СВР Куманово се подготвени за фер и демократска атмосфера на референдумот. Тука апсолутно никој нема право да го загрозува референдумскиот процес и доколку се направи било каква постапка на загрозување на референдумскиот процес ќе преземеме енергични мерки и апелирам до граѓаните да ги пријавуваат било какви притисоци да имаат од било кого да ги пријавуваат во рамките на СВР во Куманово“ , изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , во врска со претстојниот референдум.

Коментари

коментар(и)