Спасовски: Оливер Илиевски е вистинскиот избор за европско Куманово

-Кумановци се секогаш на вистинската страна, и на историјата, кога биле положени животи за слободата, и во денешнината, кога предводевме во рушењето на деценискиот режим, кога донесовме тешки одлуки и ги осигуравме евро-атлантските интеграции.

Куманово отсекогаш бил град на прогресот, на револуцијата и на мудроста.

Јас силно верувам во мудроста на кумановчани и сега, кои повторно ќе застанат на вистинската страна и ќе ги поддржат Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „Најдоброто за мојата општина”, за најдоброто за Куманово.

Со поддршка на Владата за четири години, во кумановско, вложени се над 120 милиони евра во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, рехабилитирани се над 85 километри локални и регионални патишта, изградени три училишни спортски сали, водоводи, канализации.

Режимот за 11 години направи две тениски игралишта во Куманово. Ние вложуваме во потребите на луѓето, затоа што се грижиме за граѓаните и државата. А тие вложуваат во жални врби и стиропор, затоа што така насочуваат милиони евра провизии за своите лични потреби. Ние градиме едно општество за сите граѓани. А тие го подриваат соживотот и ги делат луѓето. Со нив сте во опасност, сите се во опасност, и граѓаните и државата. Со нас сте на сигурно, сите се на сигурно, и граѓаните и државата.

– Оливер го знаеме сите, тој е чесен човек, одговорен, упорен и вреден, домаќин човек. Оливер ја има поддршката од СДСМ, ја има мојата поддршка, Оливер ќе биде силно поддржан од централната власт, да обезбеди европски квалитет на живот во општина Куманово.

Да продолжиме да го развиваме Куманово, да го задржи Куманово чекорот Напред, општина Куманово да биде европса општина. На 17-ти октомври: не седиме дома, не дозволуваме да се врати режимот!

Ве повикувам да го заокружиме бројот 12, да гласаме за Оливер Илиевски и да го осигураме „Најдоброто за општина Куманово“, рече во видео-обраќање Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ

 

 

Коментари

коментар(и)