Спасовски: Правиот пат значи никогаш повеќе режим

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, вчера ја почна кампањата за претстојните парламентарни избори од Куманово. Спасовски од родниот град апелираше да се води безбедна кампања од здравствен аспект, но и фер и демократска кампања. Тој им порача на граѓаните дека ќе продолжат по патот кој веќе е избран, кој носи сигурна иднина, ја покажува грижата за сите, обезбедува брз раст на плати, брз рестарт и трансформација на економијата.

Спасовски истакна дека ќе се продолжи со вложувањата во јавното здравство и справувањето со предизвиците што ги носи коронавирусот, вложувањата во чиста животна средина, но и прочистување на правосудството од како што истакна, корумпираните судии и обвинители. Поставени се основите за правна држава, додаде Спасовски, за да се осигураат и европските интеграции – по НАТО членството, потребно е да се продолжи по патот што заедно е избран.

-Одлуката да продолжиме по правиот пат значи докажано, сигурност за граѓаните и државата и не за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои докажано, се опасност за државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицковски продолжува со неодговорното однесување, тие лажат, шират паника, злоупотребуваат институции за партиски цели. Продолжувањето по правиот пат, значи никогаш повеќе режим и кражба на народните пари за полнење џебови на поединци, поделби на народот, мрачни времиња во коишто се гази врз достоиството на луѓето, меѓународна изолација, опасно рушење на здравствениот систем. Ние го подготвивме здравствениот систем да се справи со предизвиците од коронавирусот, во услови на светска здравствено-економска криза ги спасивме граѓаните и државата од најцрните сценарија, се погриживме да се сочува секое можно работно место, секој можен бизнис, никој да не остане без егзистенција, рече Спасовски

Носителот на листата во ИЕ 2 нагласува дека СДСМ продолжува со решенија и иницијативи, како во времето кога решавале стратешки прашања и ја  покренале  економијата.

 

 

Коментари

коментар(и)