СПМ дава поддршка за повлекување на Законот за попис

Извршниот секретар на СПМ и претседател на општинската организација Куманово, Жарко Милошевски, изјави дека социјалистите низ целата држава активно се вклучени и ја поддржуваат граѓанската иницијатива за собирање потписи што треба да издејствува да се повлече Законот за попис. Милошевски истакна дека пописот ѝ е потребен на Македонија, но дека тој треба да биде статистичка, а не политичка операција. Тој воедно ги повика граѓаните да излезат масовно и да го стават својот потпис за оваа иницијатива од граѓански карактер.

Коментари

коментар(и)