Според пописот 165 лица само со бугарско државјанство, 19.645 со двојно

Државниот завод за статистика денеска објави нови сетови на податоци согласно планот за објавување на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

Според новите податоци, во вкупното попишано население има 19.645 граѓани кои имаат и македонско и бугарско државјанство, според она што го декларирале пред попишувачите. Во вкупното население има само 165 граѓани кои имаат бугарско државјанство, а немаат македонско.

Интересно е што има и голема заедница со македонско и српско државјанство – 10.909. Со пасош од Косово има 2.393 попишани.

Хрватско државјанство имаат 3.819 лица, германско имаат 804, додека италијанско имаат 1.406-мина.

Коментари

коментар(и)