Спортски портал во Куманово

Од следната недела ќе стартува со работа првиот спортски портал во Куманово насловен Соколана. Освен спортски вести за клубовите во градот и најбрзи резултати, на интернет страницата ќе можат да се следат и снимени спортски натпревари, а ќе се третира и училишниот спорт. Сите информации од областа на спортот граѓаните ќе можат да ги пронајдат на сајтот Соколана.мк, информира сопственикот на порталот Марјан Стошевски.

-Во него ќе бидат опфатени активностите на поголемиот број на клубови, се надевам дека ќе успеам да ги опфатам сите клубови во нашиот град, нивните успеси, неуспеси, презентација на тековните активности, работа на клубот во моментот, за наредните години итн. Воедно ќе бидат снимани натпревари на клубовите, машки ракомет, женски ракомет, се надевам и кошарката и тие ќе бидат поставувани на сајтот, ќе има интервјуа со членовите на клубовите- младите таленти. Посебен сегмент ќе има училишниот спорт како многу важна алка во развојот на сегашните генерации, ќе се обидеме со објави на колумни на спортски работници, на сите добронамерници да укажеме дека младата генерација треба многу повеќе да се занимава со спорт бидејќи  гледаме дека се многу пасивни на тоа поле и ќе се трудиме да ги презентираме сите други сегменти од развојот на поранешните спортски случувања во градот преку изјави на легендарни наши спортски работници од минатото итн, изјави Марјан Стошевски, сопственик на спортскиот портал „Соколана “

Една од целите на спортскиот портал во принцип е да се поттикнат младите повеќе внимание да посветуваат на спортските активности наспроти пороците на денешнината. Стошевски се надева дека ќе успее во добрата намера.

Но, паралелно со стартот на спортскиот портал, Стошевски ќе започне и со проектот „Кумановци за Куманово“ . Емисијата ќе се емитува на Телевизија Плус.

-Тука ќе бидат снимани сите повидни личности од градот Куманово од минатото, но и од сегашноста, да укажеме дека Куманово е град со богата традиција, има со што да се пофали, во самата емисија соговорниците ќе презентираат свои фотографии, ќе кажуваат за градот , младите треба да знаат дека градот бил многу интересен во сите сегменти, изјави Стошевски.

Сопственикот на порталот и главен и одговорен уредник, Марјан Стошевски како долгогодишен спортски новинар кој даде придонес за афирмација на спортот во нашиот град, а особено неговиот историски документарен филм за спортската сала Соколана минатата година доби Ноемвриската награда, највисоко признание кое Општина Куманово го доделува по повот Денот на ослободувањето на градот.

Коментари

коментар(и)