Срамен пораз за ЖРК Куманово

Ракометарките на Куманово претрпеа изненаден пораз од составот на Стружанка во рамките на 6. коло од домашниот шампионат со резултат 21:20.

Првото полувреме избраничките на тренерот Зоран Јосимовски играа гол за гол со составот од Струга и го завршија со еден поен водство, односно резултат 7:8.

Иако фаворитот Куманово се надеваше дека ќе успее да направи превсврт во вториот дел од средбата, сепак и таму никој не правеше поголемо водство во резултатот. Со гол во последната минута од израмнет резултат, Стружнка успеа да реализира победа над кумановки со конечен резултат 21:20.

Со шест реализирани погодоци во ЖРК Куманово најефикасна беше Сања Дабевска, а по два помалку реализираа Викторија Пеовска и Александра Боризовска.

Кај победникот половина од реализираните погодоци се препишуваат на играта на Бојана Јованоска.

Со оваа победа кумановки се уште се на втората позиција во табелата, но со ист број поени зад нив се наоѓа составот на Вардар, додека Металург сега веќе им бега со пет бодови.

Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра на домашен терен веќе утре со почеток во 13:30 часот протв составот на ЖРК Овче Поле од Свети Николе.

Коментари

коментар(и)