Србинка осомничена за кражба во маркет

Полициски службеници од кумановската полиција лишиле од слобода 34-годишна државјанка на Република Србија. Таа се сомничи дека во текот на денот извршила кражба во маркет на улицата.„Иво Лола Рибар“.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)