Средното училиште „Перо Наков“ организира модна ревија „ Магија во кругот“

Младите дизајнери, ученици од средното училиште „Перо Наков“ ќе ги презентираат моделите на модна ревија под наслов „Магија во кругот“ која денеска од 18 часот ќе се одржи во Занаетчискиот дом во Куманово. На ревијата ќе бидат претставени 32 модели поделени во три целини.

-Оваа учебна 2022/2023 година излегува прва генерација на ученици – матуранти по модуларни наставни програми во кои трета и четврта година се спроведува предметот учење преку работа кај работодавец кој се реализира во компаниите во нашиот град. Предноста и бенефитот првпат крајниот производ ќе го видиме вечерва на самиот настан кој понатаму би прераснал во традиција со идните генерации, изјави Викторија Крстевска, наставник во СОУ „Перо Наков“.

Текстилните компании од градот учествуваат во образовниот процес, го пренесуваат знаењето на младите генерации и креираат свој кадар којшто вечер ќе се промовира во локалната заедница.

 

Коментари

коментар(и)