Средношколски баскет турнир во ОСТУ „Наце Буѓони”

Се одржа уште еден спортски настан во рамките на програмата за одбележување на 11 Ноември-Денот на ослободување на Куманово „Ноемвриски денови 2021”.

Ученици од општинските средни училишта учествуваа на средношколски баскет турнир 3×3, во машка и женска конкуренција, кој се одржа на спортското игралиште на ОСТУ „Наце Буѓони”- Куманово.

Настанот го организираше Општинскиот сојуз на спортови и Сојуз на училишен спорт.

Присуствуваа претставници од Сектор за образование и Сектор за култура и спорт при Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)