Станарите задоволни од управителите

Од донесувањето на Законот за домување во 2011 година до сега најголем дел  од станбените згради имаат ангажирано лиценцирани фирми-управители.  Станбените згради кои имаат ангажирано управители да се грижат за нивното одржување многу полесно ги решаваат проблемите од заедничкото домување.  Без соседски кавги за кусо време може да ја обноват фасадата на зградата, да го променат  покривот  ,  да ги сменат прозорците, да го поправат лифтот. Но, сепак како што посочуваат станарите не секогаш сите станари ги подмируваат своите обврски кога станува збор за одржување на заедничкиот дел од станбениот

– Има неколку станари кои се со проблем од социјална страна,  но и тие наоѓаат начин како да го подмират долгот . Имавме состанок со управителот на кој имаше предлог да се среди дворот, како да се среди домофонот кој не работи со години,  електичната енергија со плаќање.  Домарката рече дека ќе превземе обврска да го реши проблемот со контејнерот поставен пред нашата зграда,  да се искоси тревата,  да  се постават клупи за седење и да има еден убав заеднички живот, изјави Марија Теодосиевска, станар

– Ние треба да живееме овде како една фамилија меѓутоа во овој случај кај нас барем јас каде што живеам  40 години многу тешко оди. Јавно ги замолувам станарите за себе да даваме пари за да можеме да живееме како луѓе културно, за да можат децата да бидат обезбедени и од улица и да можат да се играат во дворовите кои што треба да се средат итн. Инаку , во нашиот влез најголем проблем е склопката , немаме склопка и не дај боже да се запали некој стан во зградата или заедничка просторија јас така го викам тоа „живи ќе изгориме“, изјави Жарко Димитриевски, станар

Управителите на станбените објекти имаат обврска да ги координираат,  насочуваме и организираат  станарите за подобро живеење во нивната зграда.

–Во постарите згради најчести проблеми се протекување на кровови, затнување на канали бидејќи има израснато некое дрво до канализациона мрежа  или шахтата е стара или некои постари проблеми,  има и исклучување на струја во зградите .  Некаде во старите згради има обични сијалици без плафоњерки, ние ставаме лет панели  плафоњерки , а тоа е поекономично, изјави Виолета Јосифовска, управител на Станбен домар

Лиценцираните фирми  управуваат со заедничкиот простор во зградите, а работат според план за одржување на зграда и со согласност со приоритетите на станарите.

Коментари

коментар(и)