Стартуваше екстерно тестирање во училиштата

Од денес основните и средните училишта во Куманово стратуваа со екстерното тестирање кое ќе трае до 10 јуни. Тестирање се одвиваше непречено освен во некои училишта каде поради технички проблеми започна подоцна. Во следниве денови наставата ќе тече непречено, а истовремено според предвидените термини ќе се спроведува и тестирањето на учениците. За тестатори се поставени наставници кои на крај од секое  екстерно тестирање ќе треба да достават ивештај за евентуалните технички проблеми и евиденција на учениците. Во средното економско училиште „Перо Наков“ денес се тестираа околу 300 ученика од прва до третта година во три последователни термини.

-Денеска кај нас екстерното тестирање поминува во најдобар ред, технички проблеми немаме,имавме некои минимални проблеми во врска со тестот но тоа се надмина. Секој ден има по три термини, а бројот на учениците е различен, а имаме тестирање и во сабота, вели Лидија Тасевска, директор во СОУ „Перо Наков“

Екстерното тестирање во средните училишта е наменето за учениците од прва до третта година, додека матурантите го завршиле тестирањето на крајот од првото полугодие. Со тестирањето се опфатени сите стручни и општообразовните предмети, а секој ученик се тестира по два предмети. Во основното училиште „Кочо Рацин“ денес се тестираа околу 360 ученици од четврто до деветто одделение во три термини.

-Оваа утро се помина во најдобар ред почна навреме со 120 компјутерски места за секој ученик и со 9 училници опремени со компјутерска опрема. Тестаторите се на своите места и набљудувачот е тука,  за сега се е во ред. Секој ученик се тестира по два предмети, а учениците од прво до третто одделение ќе се тестираат интерно, вели Лидија Пешевска, директор на ООУ „Кочо Рацин“.

Упатствата за динамиката и распоредот на тестирањето училиштата ја следат од државниот испитен центар, а оценката од екстерното тестирање влегува во општиот успех на ученикот. Иако голем број на ученици и наставници изразуваа незадоволство кон екстерното тестирање од училиштата посочуваат дека немале проблеми во неговото спроведување.

Коментари

коментар(и)