Стечајците започнуваат со протести

Со блокади на влезовите пред Куманово и Скопје, и протести на главните крстосници, стечајците од здружнието УНИТ, од наредната недела планираат да ги бараат своите права. Лицата кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, бараат да бидат обезбедени со само 100 евра месечно до пензија.

-Ако не вроди плод и тие блокади и протестите останува онаа опција што сме договорени координатори од сите градови да се седне пред влада и да се започне протест со глад. Не не интересира дали ќе има избори или нема, зашто на нас најмалку ни се потребни избори, сите пари што се фрлаат на нас најмалку ни се потребни избори, сите пари што се фрлаат може да се пренасочат за оваа категорија на работници, да не се најде со години, над 10 години на 4.000 стечајни работници недозволиво е и нема да дозволиме никој да се игра со нас, ќе бидеме присутни на улица се додека можеме и да се бориме за наши права-изјави Лилјана Георгиевска, претседателка на УНИТ.

Велат дека се принудени на вакви чекори, бидејќи немаат пари ниту за леб, а не пак да се лекуваат, плаќаат сметки и слично.

-Ако ни помогне СДСМ, сите велат дека сме СДСМ, иако се стечајци свои, и ако СДСМ каже дека ќе не обештетат, утре овие веднаш ќе ни препишат владеачката партија дека сме нивни, така што и да сака опозиција да каже некој добар збор за нас, не смее.  Ништо друго не ни преостанува освен да излеземе и да си кажеме доста е стоп сакаме да живееме, ова малку време што ни остана да не се влечеме по улици-нагласи таа.

Во протестите ќе учествуваат стечајни работници од целата држава, освен лицата од Крива Паланка кои својот револт ќе го изразат на патот кој води кон влезот на Бугарија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)