Стечајците најавуваат порадикални мерки

Со протести пред министерствата и владата, блокади на улици и штрајк со глад, стечајците од здружението УНИТ планираат да го искажат својот револт, бидејќи шести пат по ред собранието го одби предлог-законот за нивно обештетување. Законските одредби предвидуваа да се реши статусното прашање на 4.000 граѓани, кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, со тоа што тие ќе се обезбедат со 100 евра месечно до пензија.

-Првин со штрајк со глад ќе започнат координаторите а после ќе може секој да ни се приклучи кој ќе може, сака. Ние донесовме одлука да чекаме да престане со работа собрание ако има избори ќе мора да го стопираме тоа затоа што за време на изборите нема поента да излегуваме на протести или било што да правиме Од политичката состојба во Република Македонија зависи и нашето делување. Така што да почекаме да видиме за изборите и тогаш да се оправиме да правиме нешто, до сега бевме мирни да не правиме проблеми, да донесе одлука владата за нас, меѓутоа ќе мора да се вратиме пак на улица и за жал досадиме и на жителите и на сите-нагласи Георгиевска.

Стечајците додаваат дека особено им е тешко во овие студени денови, кога немаат пари за дрва, а некои ниту за леб.

-Ќе се спротивставиме и кој било да дојде на власт ние ќе сме на улица и ќе си ги бараме нашите права. Ако погледнеме Охис што е обештетен, Алумина, и други кои земаат надомест и ако бараат заостанати плати што да кажеме ние што сме без денар во џеб со години, над 12 години ние имаме стечајни работници кои се без егзистенција и ќе бидат порадикални протести-наведоа тие.

Тие нагласија дека е можен и протест пред зградата на МРТВ, поради нерешавање на долговите за радиодифузна такса. Додаваат дека ветеното отпишување на долговите само им предизвикало дополнителни проблеми.

 

 

 

Коментари

коментар(и)