Сточарите од Љубодраг утре повторно на протест

Жителите на кумановско Љубодраг утре од 10 до 12 часот ќе го блокираат стариот пат Куманово-Скопје, на влезот на селото.

„Протестот ќе трае додека директорот на АХВ не го повлече решението за уништување на свињите, инаку издадено пред 6 месеци кога наводно во едно одгледувалиште во село Љубодраг е угината свиња од африканска чума. Од тогаш нема болни и угинати животни и затоа нема да дозволиме екипите на АХВ и Ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ да влезат во селото и ги повикуваме и жителите на околните села да ни се приклучат на протестот“, стои во соопштението од месната зaедница на Љубодраг.

Коментари

коментар(и)