Страотна сообраќајка во Бедиње-тројца мртви

Во тешка сообраќајна несреќа попладнево три лица загинаa, а две се повредени, кога автомобил БМВ со кумановски регистаски таблички излетал од надвозникот во Бедиње на автопатот Куманово- Табановце.

Според портпаролот на СВР Куманово, Валентина Николовска несреќата се случила пред 17 часот, кога од засега непознати причини автомобилот кој се движел од населбата Бедиње кон центарот на градот изгубил контола и ја пробил заштитната ограда.

Откако паднал на автопатот на колата налетала цистерна, која во обид да го избегне бемвето се превртела неколку пати и преминала на другата коловозна лента.

Во несреќата на лице место загинале две лица, а едно починало во болница. Едно лице со тешки повреди е пренесено на клиника во Скопје.

Очевидците раскажуваат дека слушнале силен звук, како и дека глетката била стравотна. Тие веднаш им пружиле прва помош на лицата кои што давале знаци на живот.

Инаку автопатoт Скопје-Куманово во двете насоки беше блокиран за сообраќај, поради увид на полицијата.

 

Коментари

коментар(и)