Студенти со урбанистички визии за Куманово

Студенти на Архитектонскиот факултет во Скопје денеска ги презентираа своите идеи и проекти за урбанистички развој на Куманово во наредниот десетгодишен период. Оваа задача студентите ја добиле по предметот Урбанистичко обликување, а преку своите 12 трудови се обиделе да го стават Куманово во мапата на културни , спортски , зелени градови, престолнина на млади, град за креативната класа.

– Тој има неколку карактеристики кои одговараат на креативната класа ,  тука е локацијата блиску до Скопје , тоа што Куманово веќе има голема културна инфраструктура па и некоја историја, ниската конкуренција во однос на Скопје затоа што креативната класа моментално е во Скопје  и третото би било дека е мултиетнички град што го прави отворен за сите да можат да бидат дел од тоа, изјави Ноеми Чаушидис, студент

Денешната презентација  во која биле вклучени студентите од деветиот семестар е резултат  на тримесечната соработка на Архитектонскиот факултет со секторот за урбанизам во општина Куманово. Изработени се вкупно 37 проекти.

– Знаеме дека нашите градови се централизирани имаат по еден градски центар  и целото задушување на градот настанува поради тоа,тие ги разработуваат и идеите на правење центри кои меѓусебе се поврзуваат,а со тоа се овозможува поинаков начин на движење во градот, изјави Дивна Пенчиќ,професор на Архитектонски  факултет од УКИМ

– Урбанистичкото планирање е многу сложен процес и јас би била најзадоволна доколку сите овие нивни идеи можат да бидат  применети, меѓутоа ние живееме во град кој што има старо структурално јадро , живееме во град кој што нема голема финансиска моќ, во град кој што е пренатрупан со автомобили и не регулиран сообраќаен метеж така што искрено се надевам дека максимално ќе се потрудиме сите нивни идеи да ги имплементираме во самиот Генерален урбанистички план кој што допрва треба да се изготвува, изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на Сектор за урбанизам

Од секторот за урбанизам посочуваат дека ќе се трудат дел од идеите на студентите да  бидат имлементирани во новиот Генерален урбанистички план на Куманово  кој што допрва ќе се изготвува.

Коментари

коментар(и)