Субвенции за станбени згради за уредување на дворови

Општина Куманово објави јавен повик за доделување на субвенции на колективните станбени згради за уредување на дворните површини во Општината за 2023 година.

Се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да достават барања за користење на средства за уредување на дворни површини и просторот околу станбените згради, се до исцрпување на буџетот за таа намена, но не подоцна од 30-ви ноември.

. Средствата што ќе ги надоместува општина Куманово се во вредност од  80 % од вкупната инвестиција, но не повеќе од 80.000 денари по доставено барање,

1.4. Услов за учество во јавниот повик е купувачот да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во земјава

Право на учество на овој јавен повик имаат станбени згради управувани од лиценцирани станбени управители и регистрирани заедници на сопственици преку управител на станбена зграда или претседател на зедница на сопственици во општина Куманово, кои имаат поднесено комплетна документација и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

Барањето може да се подигне во архива на општина Куманово или да се обезбеди од интернет страницата на Општината

На јавниот повик немаат право на учество правни субјекти, кои имаат веќе остварено право на користење субвенции за уредување на дворната површина, како и сопствениците на станбени објекти, кои се се уште во фаза на изградба.

3.1. Градоначалникот ќе формира комисија за спроведување на јавниот повик,

3.2. Комисијата ќе има за задача:

–  да ги провери пристигнатите пријави и документација,

–  да изготви листа на баратели-добитници на субвенции.

3.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 400.000 денари, но не подоцна од 30.ти ноември.

Коментари

коментар(и)