Сувенири за претставници на збратимените градови

По повод Денот на ослободувањето на градот,  градоначалникот Зоран Дамјановски  организираше прием за збратимените градови. Претставници на Чукарица, Никшиќ, Чорлу, Кампина и за првпат градот Солун добија на подарок сувенири со мотиви од Куманово.

-Вие како збратимени градови секогаш дававте поддршка на нашата општина, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Некои од збратимените градови преку 20 години имаат одлична соработка со општината.

-Имаме одлична соработка, зборувавме и за некои проекти за во иднина, изјави Лилјана Илиќ, општина Чукарица, Р.Србија

Гостите од Србија, Турција, Црна Гора, Романија и Грција беа дел од свеченото одбележување на 11-ти  Ноември, полагање цвеќе на спомен костурницата и свечената седница на која беа доделени ноемвриските награди.

 

Коментари

коментар(и)